skip to Main Content

IV КОНГРЕС НА ПОДЕМ “OБЕДИ...

Ве известуваме дека Партијата на Обединети Демократи на Македонија  
ПОДЕМ, во 30.10.2022, го одржа Четвртиот Конгрес (Обединети за стабилна 
Македонија), во големата сала на Народниот театар во Битола, во присуство на 386 
делегати од сите Општински организации на ПОДЕМ. На Конгресот беа избрани 53 
членови на Централниот Одбор и 7 членови на Надзорниот Одбор. Истовремено 
едногласно за Претседател на ПОДЕМ беше (ре) избран проф. д-р Живко Јанкуловски. 
Во своето обраќање г-дин Живко Јанкулоски истакна Идејата за постоење на 
ПОДЕМ подразбира најпрво стабилна партиска инфраструктура во 53 општини во 
Македонија, со над 18.000 членови, со формирани и активни Организации на жени и 
млади со над 12.000 членови, со одржани конференции на млади и жени со 500, 
односно 300 делегати, значајни изборни резултати од еден до друг изборен циклус, со 
раст на довербата на граѓаните, што видливо се отчитува преку приклучувањето нови 
членови кои ја препознаа визијата и мисијата за подем на Македонија. Досега се 
одржани 3 конгреси и две конференции”. 
Понатаму претседатедлот на ПОДЕМ истакна На овој пат продолжуваме и 
понатаму, зашто цврсто веруваме и чувствуваме дека стратешката визија на ПОДЕМ за 
економски и политички стабилна, интегрирана и почитувана Македонија е реална и 
остварлива. И токму во насока на остварување на целите кои ја сочинуваат стратешката 
визија е и реализацијата на проектите од Програмата на ПОДЕМ, кои вклучуваат 
имплементација на европските стандарди во областа на земјоделството, економијата, 
социјалната политика, здравството, образованието, локалната самоуправа, 
меѓународните односи, културата, спортот и сите други области на општествено
политичко живеење и работење”. 
На конгресот присуствуваше и г-дин Тони Коњановски, градоначалник на општина 
Битола, а присутни беа и делегации од ВМРО ДПМНЕ, СПМ, ДСР, НЛП, Македонска ера 
трета, ДПТ. Пред делегатите свое обраќање имаше и Тимчо Муцунски  потпретседател 
на коалициската ВМРО ДПМНЕ, кој во своето обраќање истакна ПОДЕМ предводена од 
проф. д-р Живко Јанкуловски ќе биде дел од нашата победничка коалиција која ќе ја 
смени перцепцијата за политиката во Македонија. Време е за брзи промени кои ќе ни 
дадат надеж дека нашето знаење, труд и инвентивност можат да бидат употребени за 
создавање на поубаво утре, иднина за младите генерации и за сите оние кои сакаат да ја 
напуштат државата како резултат на политиките кои создадоа бесперспективност. 
Позитивните промени се неизбежни, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде предводник на 
коалицијата која ќе докаже дека Македонија може да функционира како и секоја друга 
развиена, прогресивна и просперитетна држава. 

Потврдени кандидати за сов...

На седница на Централниот Одбор на ПОДЕМ, која се одржа во Кавадарци се потврдија кандидатите за членови на советите и за градоначалници.
ПОДЕМ во дел од општините на претстојните локални избори ќе настапи како дел од коалицијата “Македонија за сите луѓе”, а во дел ќе има самостоен настап.
На истата седница беше формиран Централен изборен штаб и беа утврдени и приоритетите по општините за кои ќе залагаат кандидатите на ПОДЕМ.

ПОДЕМ со поддршка на протес...

Партијата на обединети демократи дава целосна поддршка на одржувањето на Семакедонскиот протест што ќе се одржи на 25.04.2021ва година пред Владата и Собранието на Република Македонија. ПОДЕМ со своето членство ќе даде придонес во поддршката за безусловно ослободување на неправедно осудените Македонци за настаните во Собранието на РМ од 27ми април 2017та година.

ПОДЕМ во коалиција со ВМРО-...

Членовите на Централниот Одбор на Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ, ја усвоија Програмата за работа на Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ, како и Програмската платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2024 година.

На седницата на Централниот Одбор, донесе и одлука, на вонредните парламентарни избори во Република Македонија, да учествува во коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Комисија за комуникации
ПОДЕМ
Скопје, 10.03.2020 година

ПОДЕМ со повик до граѓаните...

По денешната седница на Извршниот одбор на партијата, ПОДЕМ ги повикува своите членови, симпатизери и сите граѓани на Република Македонија, да излезат масовно на претстојните претседателски избори и да ја поддржат професорката Гордана Силјановска Давкова.

Како никогаш до сега потребно е да се излезе во што поголем број и да се избере Претседател на државата.

Со изборот на Силјановска Давкова, Република Македонија се враќа на правото и правдата, темелот на Копенхашките критериуми, почитувањето на човековите слободи, како и развојот на економијата и европските вредности.

Состанок на Централен Одбо...

На 43-тата Седница на Централниот Одбор на ПОДЕМ присуствуваше проф. д-р Гордана Силјановска Давкова –  кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на Коалицијата за Подобра Македонија. На состанокот присутен беше и Александар Николовски – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

На почетокот свое обраќање имашепретседателот на ПОДЕМ  проф. д-р Живко Јанкуловски кој во своето обраќање истакна “Убедени сме дека и со наша максимална ангажираност, но и поддршка од мнозинството граѓани на Република Македонија, конечно ќе го добиеме вистинскиот Претседател на Македонија, искусен, почитуван и борец за правото и правдата. Уште повеќе ваков профил на Претседател ни е потребен, кога знаеме што се ни се случуваше во изминзтиве две години, со доаѓањето на оваа марионетска, насилна, криминална и ненародна власт во Р. Македонија и која со невидена леснотија промени се што имаше да смени и да не остави ништо од Македонија, не обезличија и распродадоа само и само да си ги постигнат своите лични интереси, како и интересите на соседите. Убеден сум дека со доаѓањето за Претседател на Р Македонија на почитуваната професорка Гордана Силјаноска Давкова, можеме да очекуваме дека ќе направи се да ги стопира некои започнати, а сеуште недовршени предавнички проекти на сегашната власт, но и да го врати угледот , правото и правдата во Република Македонија”.

“Голема благодарност до ПОДЕМ – Партија на обединети демократи на Македонија, и навистина е битка за демократијата во Македонија, зашто далеку е од демократија она што се случува денеска во нашата држава. Јас, како што знаете ја побарав и ја добив поддршката на Конвенцијата од ВМРО ДПМНЕ, потоа исто така ја побарав и ја добив поддршката од мои колеги, ја добив поддршката и од ГРОМ, а еве вечерва и од ПОДЕМ. Мислам дека тоа значи, дека сите сме за подем кон подемократско општество, зошто така ќе бидеме поблиску до дестиницијата Европската унија, но тоа не е пат кон Брисел, туку тоа е пат – дома кон европеизација. Навистина сум допрена од атмосферата, од размената на ставовите, од љубопитноста, и со задоволство одговарав на нивните прашања. Заклучивме дека имаме слични ставови, што мислам дека е добра гаранција на следните избори, не заради мене, туку заради Македонија.”  – изјави проф. Гордана Силјановска Давкова по состанокот.

На состанокот членовите на ЦО на ПОДЕМ поставуваа актуелни прашања до кандидатот за Претседател и ги договорија идните насоки за што поуспешна изборна кампања  на претстојните претседателски избори во Република Македонија.

ПОДЕМ со целосна поддршка з...

Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ, дава јавна и отворена поддршка на проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија.

Имено, проф. Силјановска Давкова е докажана личност во својата професија како универзитетски професор, но уште повеќе како човек кој секогаш е на страната на правдата и доследното почитување на Уставот и законите во Република Македонија.

Токму сега на нашата држава и е потребен претседател кој институционално ќе се бори за исправување на националните неправди кои и се случија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатиот период.

Општинските организации на ПОДЕМ ќе се вклучат активно во изборната кампања за сеопфатна промоција и поддршка, со иденствена цел, проф. Гордана Силјановска Давкова биде петтиот Претседател на Република Македонија!