СООПШТЕНИЕ
ОО ПОДЕМ Штип ги известува своите членови, поддржувачи и сите заинтересирани граѓани дека на ден 02.04.2026 година, со почеток во 18 часот, ќе се одржи Изборно Собрание на ОО ПОДЕМ Штип.
Собранието ќе се одржи во салата на Советот на Општина Штип, каде членовите ќе имаат можност активно да учествуваат во изборот на раководните тела и во носењето одлуки значајни за понатамошното дејствување и развој на организацијата.
Во рамките на Изборното Собрание ќе бидат разгледани повеќе точки поврзани со организациското работење, идните активности, програмските насоки и зајакнувањето на улогата на ОО ПОДЕМ Штип во локалната заедница.
Ги повикуваме сите членови и симпатизери навремено да присуствуваат и со своето активно учество да придонесат за успешно, демократско и достоинствено одржување на Собранието.
Вашето присуство претставува значаен придонес во унапредувањето на организацијата, нејзините цели и вредности, како и во градењето на заедничка визија за идниот развој.
Со почит,
Центар за комуникации ПОДЕМ

