ЈАНКУЛОВСКИ: Реформата на јавната администрација е клуч за модерни институции и европска интеграција

ЈАНКУЛОВСКИ: Реформата на јавната администрација е клуч за модерни институции и европска интеграција

Под претседателство на премиерот Христијан Мицкоски се одржа седница на Советот за реформа на јавната администрација, на која беа разгледани приоритетите за унапредување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на институциите.

На седницата присуствуваше и заменик-министерот за финансии, кој истакна дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните процеси за модернизација на државата и подобрување на услугите кон граѓаните и бизнис-заедницата.

Во фокусот на дискусијата беа дигитализацијата на процесите, јакнењето на институционалните капацитети и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.

Според учесниците, овие реформи се суштински за создавање поефикасна и поуслужна администрација која ќе одговара на современите потреби на граѓаните и економијата.

Заменик-министерот за финансии нагласи дека реформата на јавната администрација останува еден од клучните предуслови за напредок во процесот на европска интеграција.

„Реформата останува клучна за европската интеграција и градењето модерна администрација“, беше истакнато на седницата.

Од Советот беше заклучено дека продолжувањето на реформските процеси е неопходно за воспоставување поефикасен, потранспарентен и поодговорен јавен сектор кој ќе биде во функција на граѓаните.

Scroll to Top