ЈАНКУЛОВСКИ: Европската Унија инвестираше речиси 2 милиони евра во македонските општини – резултатите се видливи и мерливи

ЈАНКУЛОВСКИ: Европската Унија инвестираше речиси 2 милиони евра во македонските општини – резултатите се видливи и мерливи

Со доделување на наградите за општинска извонредност беше заокружен шестгодишниот циклус на програмата „ЕУ за општините“, финансирана од Европската Унија, а заменик-министерот за финансии истакна дека станува збор за еден од најуспешните примери на партнерство меѓу институциите и Европската Унија со директни резултати за локалниот развој.

Во своето обраќање, заменик-министерот за финансии нагласи дека преку програмата биле инвестирани речиси 2 милиони евра, придружени со значајна експертиза и обуки кои суштински ги зајакнале капацитетите на општините.

„Преку програмата ‘ЕУ за општините’ беа инвестирани речиси 2 милиони евра, заедно со значајна експертиза и обуки на локално ниво, со што се зајакнаа институциите, се подобрија капацитетите на општините и се поттикна нова соработка“, истакна заменик-министерот за финансии.

Тој потенцираше дека резултатите од програмата се конкретни, мерливи и видливи во повеќе сегменти на локалното управување.

„Обучени се 1.500 претставници на локалната самоуправа, создадена е мрежа на сертифицирани општински обучувачи, а значително се унапредија капацитетите за користење на ЕУ фондови“, нагласи тој.

Посебно беше истакнат и напредокот во меѓународната и прекуграничната соработка, каде што општините бележат значителен раст на проекти и иницијативи.

„Особено е значаен напредокот во меѓународните иницијативи, каде бележиме раст од 0 на 78 проекти во рамки на Интеррег програмата, како и 278 проекти за прекугранична соработка со соседните земји“, посочи заменик-министерот.

Според него, поддршката од Европската Унија останува клучен двигател за развојот на општините, подобрувањето на локалните услуги и реализацијата на локалните приоритети.

На настанот беше оценето дека програмата „ЕУ за општините“ претставува значаен пример за успешна европска поддршка која носи конкретни резултати за граѓаните, локалните самоуправи и развојот на државата.

Scroll to Top