СООПШТЕНИЕ
ОО ПОДЕМ Неготино ги известува своите членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани дека на ден 09.04.2026 година (четврток), со почеток во 19 часот, ќе се одржи Изборно Собрание на ОО ПОДЕМ Неготино.
Собранието ќе се одржи во салата на Советот на Општина Неготино, каде членовите ќе имаат можност активно да учествуваат во процесот на избор и донесување одлуки од значење за понатамошното функционирање и дејствување на организацијата.
На дневниот ред на Изборното Собрание ќе бидат разгледани повеќе точки поврзани со организациското работење, избор на раководни тела и утврдување на идните активности и насоки на делување на ОО ПОДЕМ Неготино.
Ги повикуваме сите членови да присуствуваат навремено, со цел успешно и достоинствено одржување на Собранието, како и да дадат свој придонес во демократскиот процес и работата на организацијата.
Вашето присуство и учество претставуваат значаен придонес за заедничкото делување, унапредување на организацијата и реализација на програмските цели и вредности на ПОДЕМ.
Со почит,
Центар за комуникации ПОДЕМ

