skip to Main Content

ПОДЕМ против зголемување н...

Дали граѓаните и стопанството во Битола не заслужија навремено да дознаат за одлуката за зголемување на цената на чинење на водата, кога на подготвителната седница на регулаторната комисија на 13.11.2017 год, била поканета и запознаена Градоначалничката на Битола? Зошто и после 2 месеци од официјалното носење на оваа, ценовно чувствителна информација на 24/11/2017 год, и во преку нејзини 20 јавни настапи, јавноста не беше запознаена? Дали граѓаните требаше сами да пребаруваат по интернет за да дознаат за оваа информација? Каде е тука транспарентноста на носителите на јавни функции? Дали во тој период, постапката за избор на директор на Водовод Битола беше побитна, од постапката за зголемување на цената на водата?

Уште повеќе одговорност има и Управниот Одбор на ЈКП Водовод Битола, кој беше избран на 23.11.17, ден пред донесувањето на одлуката на РК, одбор кој беше избран од мнозинството во Советот, и нити еден член не излезе да ја запознае јавноста со  оваа одлука.

Несомнено е дека целта, зошто оваа ценовно чувствителна информација беше криена од страна на јавноста, е ДА ПОМИНИ ЗАКОНСКИОТ РОК ЗА ТУЖБА од 30 дена, кој стои како правен лек во одлуката од регулаторна, за кој сега колку и да зборуваме е залудно бидејќи никој од погоре повиканите не ја извести ни јавноста, а нити пак превзеде нешто во фирмата, со што може и ќе се најдеше друго решение.

За да иронијата биде уште поголема, на 22.01.18, три дена по завршување на рокот на тужба (бидејќи вчера беше кажано на 29.11. ја добиле одлуката), Управниот Одбор држи кратка седница, на која без никаква реакција до јавноста и СВЕСНО поминат рок за тужба едногласно го прифаќа решението, и тоа не минимално понудената цена, туку средната вредност на зголемување на цената на водата.

Во прилог на оваа мое тврдење за кое реагирав и на седницата на 30.01.18 год. дека сепак нешто можеше да се превземи се и следниве одлуки донесени од страна на други институции во Република Македонија:

  1. Во случајот со Студенчица Кичево, Владата донесе заклучок со кој и се препорача на Регулаторната комисија за енерегетика да ја преиспита својата одлука за одобрување на покачување на цената на водата, а ЈП Студенчица да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата.
  2. Општина Велес ја тужи Комисијата, оти во постапката при донесувањето на Решението за утврдување на тарифата за цената на водата, што ЈКП „Дервен“ ја испорачува на корисниците, за периодот 2018-2020 година, не било постапено според правилата на постапката и не била утврдена правилно фактичката состојба.
  1. Во случајот пак со ЈП Водовод и канализација Скопје беше изјавено дека по извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на претпријатието, Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, и точките поврзани со поскапувањето на водата ги симнаа од дневниот ред на Советот.

Уште еднаш ги повикувам надлежните во општина Битола, да не си поигруваат со чувствата на граѓаните, да им признаат дека НИШТО не направиле за да ја спречат оваа одлука, ниту повеќе ПАК да ги информираат за поскапувањето на водата!

Видео од прес-конференцијата на Николче Јанкуловски – член на совет на општина Битола.

Сектор за комуникации

ПОДЕМ    Битола, 01/02/2018 год.