IV КОНГРЕС НА ПОДЕМ “OБЕДИ...









На сите граѓани им го честитаме “8-ми Септември” – Денот на независноста на Република Македонија!
Партијата на обединети демократи дава целосна поддршка на одржувањето на Семакедонскиот протест што ќе се одржи на 25.04.2021ва година пред Владата и Собранието на Република Македонија. ПОДЕМ со своето членство ќе даде придонес во поддршката за безусловно ослободување на неправедно осудените Македонци за настаните во Собранието на РМ од 27ми април 2017та година.
Членовите на Централниот Одбор на Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ, ја усвоија Програмата за работа на Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ, како и Програмската платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2024 година.
На седницата на Централниот Одбор, донесе и одлука, на вонредните парламентарни избори во Република Македонија, да учествува во коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Комисија за комуникации
ПОДЕМ
Скопје, 10.03.2020 година
На 43-тата Седница на Централниот Одбор на ПОДЕМ присуствуваше проф. д-р Гордана Силјановска Давкова – кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на Коалицијата за Подобра Македонија. На состанокот присутен беше и Александар Николовски – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.
На почетокот свое обраќање имашепретседателот на ПОДЕМ проф. д-р Живко Јанкуловски кој во своето обраќање истакна “Убедени сме дека и со наша максимална ангажираност, но и поддршка од мнозинството граѓани на Република Македонија, конечно ќе го добиеме вистинскиот Претседател на Македонија, искусен, почитуван и борец за правото и правдата. Уште повеќе ваков профил на Претседател ни е потребен, кога знаеме што се ни се случуваше во изминзтиве две години, со доаѓањето на оваа марионетска, насилна, криминална и ненародна власт во Р. Македонија и која со невидена леснотија промени се што имаше да смени и да не остави ништо од Македонија, не обезличија и распродадоа само и само да си ги постигнат своите лични интереси, како и интересите на соседите. Убеден сум дека со доаѓањето за Претседател на Р Македонија на почитуваната професорка Гордана Силјаноска Давкова, можеме да очекуваме дека ќе направи се да ги стопира некои започнати, а сеуште недовршени предавнички проекти на сегашната власт, но и да го врати угледот , правото и правдата во Република Македонија”.
“Голема благодарност до ПОДЕМ – Партија на обединети демократи на Македонија, и навистина е битка за демократијата во Македонија, зашто далеку е од демократија она што се случува денеска во нашата држава. Јас, како што знаете ја побарав и ја добив поддршката на Конвенцијата од ВМРО ДПМНЕ, потоа исто така ја побарав и ја добив поддршката од мои колеги, ја добив поддршката и од ГРОМ, а еве вечерва и од ПОДЕМ. Мислам дека тоа значи, дека сите сме за подем кон подемократско општество, зошто така ќе бидеме поблиску до дестиницијата Европската унија, но тоа не е пат кон Брисел, туку тоа е пат – дома кон европеизација. Навистина сум допрена од атмосферата, од размената на ставовите, од љубопитноста, и со задоволство одговарав на нивните прашања. Заклучивме дека имаме слични ставови, што мислам дека е добра гаранција на следните избори, не заради мене, туку заради Македонија.” – изјави проф. Гордана Силјановска Давкова по состанокот.
На состанокот членовите на ЦО на ПОДЕМ поставуваа актуелни прашања до кандидатот за Претседател и ги договорија идните насоки за што поуспешна изборна кампања на претстојните претседателски избори во Република Македонија.
ПОДЕМ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник 11ти Октомври – Денот на народното антифашистичко востание!
Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ, им се заблагодарува на граѓаните на Р. Македонија што не се согласија за промена на уставното име на Република Македонија, со неприфаќање на штетниот договор од Нивици.
Со тоа граѓаните на Република Македонија се изјаснија дека не сакаат промена на уставното име на Р. Македонија, не сакаат договор, каде се менува уставното име, идентитетот и историјата.
ПОДЕМ уште еднаш истакнува дека местото на Република Македонија и е во Европската Унија и НАТО, но членка со национално достоинство, неуценета и почитувана.
Со оглед дека неуспешниот референдум е веќе минато, не смее да се прават никакви манипулации со уценување на пратеници и уставни промени во парламентот, наспроти волјата на граѓаните, туку владата под итно да си поднесе неотповиклива оставка, да се формира техничка влада (по пржинскиот модел) и во предвидениот рок, согласно законот за Влада, да се распишат превремени парламентарни избори.
Референдумот не смее да биде изговор за политичкиот и економскиот неуспех кој и се случува на Република Македонија во секоја сфера на живеење. Единствен договор кој мора да ги обедини сите политички партии е правецот во кој ќе се одвиваат реформите во судството, борбата против корупцијата, подобрувањето на состојбите во образованието и здравството, зголемувањето на животниот стандард на населението.
Центар за комуникации
ПОДЕМ
До: Електронски и печатени медиуми
Предмет: Известување по повод претстојниот референдум
Почитувани,
Извршниот одбор на ПОДЕМ, на седницата одржана на 15.09.2018 година едногласно ја потврди одлуката од членовите на Централниот одбор, за ИГНОРИРАЊЕ на претстојниот референдум на 30-ти септември 2018 година.
Со оглед на штетниот и неуставен договор во Нивици, крајно несериозното и збунувачко референдумско прашање, како и политичката и економска неизвесност, во која актуелната Влада ја води земјата, ги повикуваме граѓаните на Република Македонија на 30 септември да го ИГНОРИРААТ референдумското изјаснување.
ПОДЕМ уште еднаш истакнува дека местото на Република Македонија и е во Европската Унија и НАТО, но членка со национално достоинство, неуценета и почитувана.
Референдумот не смее да биде изговор за политичкиот и економскиот неуспех кој и се случува на Република Македонија во секоја сфера на живеење. Единствен договор кој мора да ги обедини сите политички партии е правецот во кој ќе се одвиваат реформите во судството, борбата против корупцијата, подобрувањето на состојбите во образованието и здравството, зголемувањето на животниот стандард на населението.
Со почит,
Центар за комуникации
ПОДЕМ
contact@podem.org.mk