Воведен говор имаше Претседателот на ПОДЕМ Проф. д-р Живко Јанкулоски, кој во неговото излагање ги запозна делегатите со работата на ПОДЕМ, а посебно внимание истакна на актуелните состојби во државата. При тоа потенцира дека со доаѓањето на новата власт во Македонија граѓаните ги поминуваат најтешките моменти од осамостојувањето и затоа е потребно сите да се вклучиме во одбрана на националните интереси на Р.Македонија и во спречување на разнебитисувањето на државата.
„ Никако не смеат теснопартиските интереси и уцени да ја одредуваат судбината на граѓаните на Македонија. Сведоци сме дека приоритет се дава на законот за јазици, наместо на реформите. Приоритет се дава на соседите наместо на економијата. Транспарентноста во однос на името со соседна Грција е сведена на нула, Сведоци сме дека најголемо внимание се посветува како да му се угоди на Коцијас при носењето на недостоинствениот предлог за името, идентитетот и јазикот, како барање за промена на уставот на РМ, но и надуставнии промени, што не е работа на еден министер на соседна држава, а камо ли пак да се прават посебни дочеци на таквите барања“ рече Јанкуловски.
На изборното собрание беше избран и новиот претседател м-р Златко Лозановски, како и нов Извршен и надзорен Одбор на ПОДЕМ Битола.
Новоизбраниот претседател м-р Златко Лозановски ги истакна приоритетите на ОО на ПОДЕМ во наредните 4 години од работата и посебно се задржа на развојот на ОО на ПОДЕМ, зголемување на членството и залагањето негово и на Извршниот Одбор за приоритетите на Битолчани, кои заслужуваат европска перспектива, посебно го нагласи неговото залагање и заедно со советникот во советот на Опшина Битола, за здравјето на граѓаните, здрава животна средина и подобар живот, стои во соопштението на партијата.