skip to Main Content

Реакција за настаните на Кл...

Почитувани сограѓани,

Oткако еминентни медиуми со години пишуваа за сомнежи за организирана кражба на лекови од клиниката за Онкологија, деновиве обвинителството конечно презема чекори како прв пат да чуле за ова.

Ако сакаме да бидеме цинични, би рекле дека акцијата на обвинителството необично се совпаѓа со неуспешните уставни измени и ѝ доаѓа на власта, како добар спин од реалноста, но ќе одбереме да бидеме позитивни и ќе речеме – подобро задоцнето отколку заборавено.

Индициите се дека на Онкологија години наназад функционира злосторничко здружение на лекари и медицински персонал кои буквално крадат спасоносна терапија од пациенти кои чекорат по линијата помеѓу двата света и токму тие лекови им требаат да ги задржат меѓу нас.

Ако се точни наводите, излегува дека иронично, на клиниката каде смртта ги демне пациентите единствените „мртовци“ шетаат меѓу лекувачите, оти само „мртви души“ може да смислат и сторат ваков беден чин и да уживаат во таква заработка.

Македонската реалност не учи да не бидеме наивни, јавните осуди се едно а правдата и казната се сосем друго. Големи имиња се во игра, а до лица под политичка заштита, закон не дофрла.

ПОДЕМ ги повикува партиите кои изминативе 5 години имале свои министри за здравство и внатрешни работи, кои имале свои директори на оваа клиника но и оние кои номинирале Јавен обвинител и „спонзорирале“ избори на скопски обвинители, и наместо тоа веднаш да го направат единствениот чесен чекор – прекинете ја политичката заштита на сите нив.

Само така правдата ќе стигне до чудовиштата меѓу нив кои со смртта тргувале и на тоа замижувале и ќе ги жигоса со име, презиме и казна за пример.

Се помалку од ова ќе Ве направи исти како нив.

Ова не е тест дали сте европејци, ова е тест дали сте цивилизирани. Правдата е првото прашање.

Одговорете!

Партија на обединети демократи на Македонија-ПОДЕМ

Сектор за информации