Гласање на Законот за јазиц...
Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ ги повикува пратениците во Собранието на Република Македонија, да внимаваат кога се во прашање закони кој се од национален интерес и кој предизвикуваат вознемиреност кај сите граѓани во Македонија, поради заобиколување на уставните и регуларни процедури, каков што е сега случајот во однос на Законот за употреба на јазиците. Да се гласа и да се донесе Законот за јазици без амандманите на опозицијата значи погазување на демократијата во РМ.
Нејасно е зошто законот се турка на мала врата, зошто се прескокнуваат процедурите во Собранието, зошто не се почитува Уставот и деловникот. Нејасно е зошто на легално избран пратеник ад хок да му се одбиваат амандманите. Што во тој случај пратениците од опозицијата ќе прават во собранието.А уште поголем парадокс е тоа што од една страна се отфрлаат амандманите, од друга се бара од опозицијата да влезе во Собранието за донесување на реформските закони.
Се поставува прашањето, зошто овие пратеници да се враќаат во македонското собрание кога веќе нивниот труд со поднесените амандмани вон сите законски регулативи, се отфрлаат, не се разгледуваат и замислете од кој, од т.н нелегитимно избран претседател на Собранието. Кој во вакви услови може да гарантира дека предлозите на опозицијата воопшто ќе бидат некогаш земени во предвид и разгледувани.Потсетуваме и дека Законот за јазици се уште не обезбеди мислење од Венецијанската комисија, која требаше уште во поранешни фази да ја оценува усогласеноста со европските стандарди. И Хан и Тимоние нагласија дека овој закон не е дел од европската агенда и не е услов за земјата да добие препорака од ЕУ.
Затоа уште еднаш повикуваме да им се даде предност на реформските закони и на овозможувањето на услови кој значат реформи и економски развој на Македонија.
Го повикуваме премиерот Зоран Заев отворено да каже зошто сака па неќе, зошто знае дека не е во ред ова што го прави, а го прави ! Које притисокот врз него, од каде доаѓа што сега не се согласува и не дозволува законот да помине низ уставна и регуларна процедура.
Потсетуваме дека овој закон се носи во услови кога не може да биде поткрепен со конкретни бројки кои треба да ги обезбеди долго бараниот попис на населението.
ПОДЕМ не е против отворање на етничките заедници во македонија да ги уживаат сите права како и македонците. Но, сметаме дека не се работи во овој случај за тоа, туку во прашање е сосема нешто друго што не е од интерес ниту на албанците.
Граѓаните на Македонија гласаа за подобро утре и за подобра економска перспектива, а напротив, ова решение длабоко ни навлегува во издвојување на огромни финансиски средства издвоени од бугетот на секој граѓанин.
Затоа ги повикуваме партиите од владеачката коалиција да не го подметнуваат законот за јазици на мала врата. Трпението на граѓаните е при крај. Не ги спротивставувајте едни против други Македонците и Албанците, па и другите етнички заедници. Не е време за дополнително разгорување на страстите.
Упатуваме повик до ДУИ на разумно и смирено делување, како и на почитување на законските процедури во Собранието. Сметаме дека не требаше ад хок да се отфрли понудата на опозицијата за поддршка во собранието, со што ќе се стеснеше просторот за уцени од било која страна.
Уште еднаш повикуваме на лидерска средба во проширен состав, со учество на сите политички партии, со цел да се изнајде заеднички јазик во однос на клучните прашања кои ја засегаат европската, но и економската перспектива на Македонија.
Комисија за односи со јавност ПОДЕМ