IV КОНГРЕС НА ПОДЕМ “OБЕДИНЕТИ ЗА СТАБИЛНА МАКЕДОНИЈА”
Ве известуваме дека Партијата на Обединети Демократи на Македонија –
ПОДЕМ, во 30.10.2022, го одржа Четвртиот Конгрес (“Обединети за стабилна
Македонија”), во големата сала на Народниот театар во Битола, во присуство на 386
делегати од сите Општински организации на ПОДЕМ. На Конгресот беа избрани 53
членови на Централниот Одбор и 7 членови на Надзорниот Одбор. Истовремено
едногласно за Претседател на ПОДЕМ беше (ре) избран проф. д-р Живко Јанкуловски.
Во своето обраќање г-дин Живко Јанкулоски истакна “Идејата за постоење на
ПОДЕМ подразбира најпрво стабилна партиска инфраструктура во 53 општини во
Македонија, со над 18.000 членови, со формирани и активни Организации на жени и
млади со над 12.000 членови, со одржани конференции на млади и жени со 500,
односно 300 делегати, значајни изборни резултати од еден до друг изборен циклус, со
раст на довербата на граѓаните, што видливо се отчитува преку приклучувањето нови
членови кои ја препознаа визијата и мисијата за подем на Македонија. Досега се
одржани 3 конгреси и две конференции”.
Понатаму претседатедлот на ПОДЕМ истакна “На овој пат продолжуваме и
понатаму, зашто цврсто веруваме и чувствуваме дека стратешката визија на ПОДЕМ за
економски и политички стабилна, интегрирана и почитувана Македонија е реална и
остварлива. И токму во насока на остварување на целите кои ја сочинуваат стратешката
визија е и реализацијата на проектите од Програмата на ПОДЕМ, кои вклучуваат
имплементација на европските стандарди во областа на земјоделството, економијата,
социјалната политика, здравството, образованието, локалната самоуправа,
меѓународните односи, културата, спортот и сите други области на општествено–
политичко живеење и работење”.
На конгресот присуствуваше и г-дин Тони Коњановски, градоначалник на општина
Битола, а присутни беа и делегации од ВМРО ДПМНЕ, СПМ, ДСР, НЛП, Македонска ера
трета, ДПТ. Пред делегатите свое обраќање имаше и Тимчо Муцунски – потпретседател
на коалициската ВМРО ДПМНЕ, кој во своето обраќање истакна “ПОДЕМ предводена од
проф. д-р Живко Јанкуловски ќе биде дел од нашата победничка коалиција која ќе ја
смени перцепцијата за политиката во Македонија. Време е за брзи промени кои ќе ни
дадат надеж дека нашето знаење, труд и инвентивност можат да бидат употребени за
создавање на поубаво утре, иднина за младите генерации и за сите оние кои сакаат да ја
напуштат државата како резултат на политиките кои создадоа бесперспективност.
Позитивните промени се неизбежни, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде предводник на
коалицијата која ќе докаже дека Македонија може да функционира како и секоја друга
развиена, прогресивна и просперитетна држава.