По одлуката на Извршниот одбор на ПОДЕМ, општинските организации почнаа со процес на ажурирање на членството на ПОДЕМ. Истовремено работните комисии на ПОДЕМ, со активно учество на членовите на ПОДЕМ учествуваат и во изработката на изборната програма за претстојните парламентарни избори.
За таа цел во ОО ПОДЕМ Битола, свое обраќање до членовите на ПОДЕМ, а и до пошироката битолска јавност имаше и м-р Златко Лозановски – претседател на ОО ПОДЕМ Битола.
“Наша обврска е како партија да се спротиставиме на уназадувањето кое веќе три години се врши во сите полиња од нашето живеeње- почнувајќи од: упропастеното здравство, правниот колапс, уништеното земјоделие, напуштеното образование, како и стопанство со бројни проблеми.
Би сакал да ве информирам дека од
денес па се до 15 Декември во општинската организација на ПОДЕМ во нејзините
работни часови ќе се одвива процесот на ажурирање на членството. За таа цел ги
повикувам сите членови да го ажурираат своето членство и своите податоци со што
сите би помогнале во утврдувањето на досегашните позиции и собирање на нови
сили во престојната ОБНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА.
Воедно апелирам и повикувам сите граѓани кои се незадоволни од политиките на актуелната власт – на локално и централно ниво а ги подржуваат ставовите и политиките на ПОДЕМ да ни се приклучат во нашата борба и дадат придонес со своите идеи во повторното изградување на темелните вредности во Македонија. ” – истакна Лозановски.
Како Член на советот на општина Битола, сакам да алармирам за бројните реакции на нашите сограѓани, стотици семејства, кои НЕ МОЖАТ да си го остварат ПРАВОТО на легализација на бесправно изградените објекти, кои поднеле барања согласно позитивните законски прописи, ИСКЛУЧИВО заради самоволието и бегањето од давање на вистински одговори на градоначалничката Наташа Петровска. Тоа се сограѓани кои уредно и законски си комплетирале документација, потрошиле и време и пари, и чекаат финализација на постапката.
Нема ден, да нема семејство кое оди од канцеларија до канцеларија во општината да праша до каде е статусот на нивното барање, но никој не смее да им даде било каква информација, бидејќи легализацијата како процес, од октомври-минатата година, е ТАБУ ТЕМА во општината.
Ја повикувам Петровска, Да престани да го руши достоинството и на Советот, со што ќе дозволи, да предметите од општинската администрација, бидат разгледани на комисијата за урбанизам, со што би оделе како точки на Седница на Совет, и би завршиле постапките со врачување на решенијата за легализација на граѓаните.
Во оваа прилика сакам да поставам и неколку прашања:
Дали Петровска знае дека со ова кочење ОНЕВОЗМОЖУВА и дополнителен приход на општината што би можеле да се искористат за реализација на проекти?
Дали е свесна, дека со оваа постапка, општина Битола може да добие и глоба од Државниот управен инспекторат во висина до 15000 еур, заради намерно одолговлекување на постапките и спречување во остварување на законските права на граѓаните?
Дали е свесна дека нејзината фобија од ставање потпис на документи MOЖЕ ДА ДОВЕДЕ до одземање на ингеренциите од областа на урбанизмот, од страна на централната власт, што всушност може да е и целта на ова нејзино однесување?
Дали граѓаните и стопанството во Битола не заслужија навремено да дознаат за одлуката за зголемување на цената на чинење на водата, кога на подготвителната седница на регулаторната комисија на 13.11.2017 год, била поканета и запознаена Градоначалничката на Битола? Зошто и после 2 месеци од официјалното носење на оваа, ценовно чувствителна информација на 24/11/2017 год, и во преку нејзини 20 јавни настапи, јавноста не беше запознаена? Дали граѓаните требаше сами да пребаруваат по интернет за да дознаат за оваа информација? Каде е тука транспарентноста на носителите на јавни функции? Дали во тој период, постапката за избор на директор на Водовод Битола беше побитна, од постапката за зголемување на цената на водата?
Уште повеќе одговорност има и Управниот Одбор на ЈКП Водовод Битола, кој беше избран на 23.11.17, ден пред донесувањето на одлуката на РК, одбор кој беше избран од мнозинството во Советот, и нити еден член не излезе да ја запознае јавноста со оваа одлука.
Несомнено е дека целта, зошто оваа ценовно чувствителна информација беше криена од страна на јавноста, е ДА ПОМИНИ ЗАКОНСКИОТ РОК ЗА ТУЖБА од 30 дена, кој стои како правен лек во одлуката од регулаторна, за кој сега колку и да зборуваме е залудно бидејќи никој од погоре повиканите не ја извести ни јавноста, а нити пак превзеде нешто во фирмата, со што може и ќе се најдеше друго решение.
За да иронијата биде уште поголема, на 22.01.18, три дена по завршување на рокот на тужба (бидејќи вчера беше кажано на 29.11. ја добиле одлуката), Управниот Одбор држи кратка седница, на која без никаква реакција до јавноста и СВЕСНО поминат рок за тужба едногласно го прифаќа решението, и тоа не минимално понудената цена, туку средната вредност на зголемување на цената на водата.
Во прилог на оваа мое тврдење за кое реагирав и на седницата на 30.01.18 год. дека сепак нешто можеше да се превземи се и следниве одлуки донесени од страна на други институции во Република Македонија:
Во случајот со Студенчица Кичево, Владата донесе заклучок со кој и се препорача на Регулаторната комисија за енерегетика да ја преиспита својата одлука за одобрување на покачување на цената на водата, а ЈП Студенчица да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата.
Општина Велес ја тужи Комисијата, оти во постапката при донесувањето на Решението за утврдување на тарифата за цената на водата, што ЈКП „Дервен“ ја испорачува на корисниците, за периодот 2018-2020 година, не било постапено според правилата на постапката и не била утврдена правилно фактичката состојба.
Во случајот пак со ЈП Водовод и канализација Скопје беше изјавено дека по извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на претпријатието, Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, и точките поврзани со поскапувањето на водата ги симнаа од дневниот ред на Советот.
Уште еднаш ги повикувам надлежните во општина Битола, да не си поигруваат со чувствата на граѓаните, да им признаат дека НИШТО не направиле за да ја спречат оваа одлука, ниту повеќе ПАК да ги информираат за поскапувањето на водата!
Видео од прес-конференцијата на Николче Јанкуловски – член на совет на општина Битола.
Изјави на Лидија Богдановска – Претседател на ОЖ на ПОДЕМ Битола, Јованка Михов – Претседател на ОЖ на ПОДЕМ и Живко Јанкуловски – Претседател на ПОДЕМ.