skip to Main Content

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага ПОДЕМ.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до ПОДЕМ непосредно во архивата, како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: contact@podem.org.mk).

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Горан Николовски, контакт телефон: +38976339555 и е-маил: contact@podem.org.mk.

Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер

Баратели на информации – едукативно видео