skip to Main Content
Состанок на Централен Одбор на ПОДЕМ

Состанок на Централен Одбор на ПОДЕМ

На 43-тата Седница на Централниот Одбор на ПОДЕМ присуствуваше проф. д-р Гордана Силјановска Давкова –  кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на Коалицијата за Подобра Македонија. На состанокот присутен беше и Александар Николовски – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

На почетокот свое обраќање имашепретседателот на ПОДЕМ  проф. д-р Живко Јанкуловски кој во своето обраќање истакна “Убедени сме дека и со наша максимална ангажираност, но и поддршка од мнозинството граѓани на Република Македонија, конечно ќе го добиеме вистинскиот Претседател на Македонија, искусен, почитуван и борец за правото и правдата. Уште повеќе ваков профил на Претседател ни е потребен, кога знаеме што се ни се случуваше во изминзтиве две години, со доаѓањето на оваа марионетска, насилна, криминална и ненародна власт во Р. Македонија и која со невидена леснотија промени се што имаше да смени и да не остави ништо од Македонија, не обезличија и распродадоа само и само да си ги постигнат своите лични интереси, како и интересите на соседите. Убеден сум дека со доаѓањето за Претседател на Р Македонија на почитуваната професорка Гордана Силјаноска Давкова, можеме да очекуваме дека ќе направи се да ги стопира некои започнати, а сеуште недовршени предавнички проекти на сегашната власт, но и да го врати угледот , правото и правдата во Република Македонија”.

“Голема благодарност до ПОДЕМ – Партија на обединети демократи на Македонија, и навистина е битка за демократијата во Македонија, зашто далеку е од демократија она што се случува денеска во нашата држава. Јас, како што знаете ја побарав и ја добив поддршката на Конвенцијата од ВМРО ДПМНЕ, потоа исто така ја побарав и ја добив поддршката од мои колеги, ја добив поддршката и од ГРОМ, а еве вечерва и од ПОДЕМ. Мислам дека тоа значи, дека сите сме за подем кон подемократско општество, зошто така ќе бидеме поблиску до дестиницијата Европската унија, но тоа не е пат кон Брисел, туку тоа е пат – дома кон европеизација. Навистина сум допрена од атмосферата, од размената на ставовите, од љубопитноста, и со задоволство одговарав на нивните прашања. Заклучивме дека имаме слични ставови, што мислам дека е добра гаранција на следните избори, не заради мене, туку заради Македонија.”  – изјави проф. Гордана Силјановска Давкова по состанокот.

На состанокот членовите на ЦО на ПОДЕМ поставуваа актуелни прашања до кандидатот за Претседател и ги договорија идните насоки за што поуспешна изборна кампања  на претстојните претседателски избори во Република Македонија.