skip to Main Content
ПОДЕМ: Граѓаните на Република Македонија кажаа НЕ на договорот со Грција

ПОДЕМ: Граѓаните на Република Македонија кажаа НЕ на договорот со Грција

Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ, им се заблагодарува на граѓаните на Р. Македонија што не се согласија за  промена на уставното име на Република Македонија, со неприфаќање на штетниот договор од Нивици.

Со тоа граѓаните на Република Македонија се изјаснија дека не сакаат промена на уставното име на Р. Македонија, не сакаат договор, каде се менува уставното име, идентитетот и историјата.

ПОДЕМ уште еднаш истакнува дека местото на Република Македонија и е во Европската Унија и НАТО, но членка со национално достоинство, неуценета и почитувана.

Со оглед дека неуспешниот референдум е веќе минато, не смее да се прават никакви манипулации со уценување на пратеници и уставни промени во парламентот, наспроти волјата на граѓаните, туку владата под итно да си поднесе неотповиклива оставка, да се формира техничка влада (по пржинскиот модел) и во предвидениот рок, согласно законот за Влада, да се распишат превремени парламентарни избори.

Референдумот не смее да биде изговор за политичкиот и економскиот неуспех кој и се случува на Република Македонија во секоја сфера на живеење. Единствен договор кој мора да ги обедини сите политички партии е правецот во кој ќе се одвиваат реформите во судството, борбата против корупцијата, подобрувањето на состојбите во образованието и здравството, зголемувањето на животниот стандард на населението.

Центар за комуникации

ПОДЕМ