ПОДЕМ го поддржува семакедонскиот протест и сите иницијативи против промена на уставното име

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ го поддржува Семакедонскиот митинг кој денеска се одржува во Скопје, како и сите иницијативи за одбрана на уставното име на Република Македонија.

Денеска имавме можност да го проследиме и интервјуто на Премиерот Зоран Заев за агенцијата Ројтерс, каде што извесно е дека во спорот со Грција се преговара за четири имиња. Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје).
Истовремено во интервјуто се вели дека граѓаните на референдум ќе го поддржат решението дококу е тоа достоинствено.

ПОДЕМ јавно прашува какво е тоа достоинствено решение, ако истото вклучува и промена на името. Од друга страна прифаќањето на едно од понудените имиња ќе повлече и промена на Уставот, што значи и промена на идентитетот и јазикот, на што ПОДЕМ категорично се спротивставува.
Оттука, ПОДЕМ повикува на разумност и зачувување на уставното име, идентитет и јазик.

Во спротивно македонскиот народ ќе мора преку протести како денешниот Семакедонски протест да го брани своето право на уставното име и да го зачува достоинството на името на Република Македонија.

Скопје 27.02.2018 год. Извршен Одбор на ПОДЕМ

Related Post

February 16, 2024

ПОДЕМ со повик до Јавното обвинителство и Државното правобранителство!

September 7, 2023

ПОДЕМ: Со измените на кривичниот законик до раст на корупцијата

September 3, 2023

Реакција за настаните на Клиниката за онкологија