skip to Main Content
За Организацијата на млади (ОМ)

Организацијата на младината на ПОДЕМ своето политичко дејствување  го
оствaрува преку следниве начела и цели:
• целосно почитување на човекот, човековото достоинство, права и слободи,
согласно со највисоките цивилизациски и демократски придобивки;
• развивање на демократијата и обезбедување законска еднаквост на граѓаните;

• афирмација и остварување на темелните вредности на уставниот поредок на
Република Македонија;
• натамошна изградба на Република Македонија како суверена, демократска,
правна и унитарна држава;
• владеење на правото во однос на сите граѓани подеднакво;
• ефикасна примена на законите и остварување на одговорноста на сите, без оглед на нивната политичка, етничка или верска определба и припадност;
• обезбедување економска демократија и заштита на правото на работа;
• развивање на пазарно и ефикасно стопанство и создавање услови за рамноправност на стопанските субјекти;
• изградба на општество на социјална правда;
• нова демократска социјална држава со нејзина смалена улога во економскиот
живот, а зголемена во регулирање на социјалните права;
• изградба на општество на подеднакви шанси во смисла на решавање на егзистенцијалните потреби на граѓаните: вработување, здравствена заштита,
образование, социјална заштита и слично;
• изградба на нов граѓански и политички морал низ афирмација и практикување
на нова политичка култура;
• негување на културните вредности и историските придобивки на Македонија и
на заедниците коишто живеат во нејзините граници;
• почитување на верските слободи и правото на слободен избор на
вероисповест;.
• заштита на човековата околина во согласност со меѓународните документи;
• втемелување и примена на европските системи на вредности во Република
Македонија и нејзино непосредно вклучување во европските и во евроатлантските
интегративни процеси;
• заложби за подобрување на положбата и обезбедување на слободите и правата
на припадниците на македонскиот народ во соседните земји, утврдени со меѓународни документи, како и развивање културна и духовна комуникација со нив;
• одржување и развивање комуникација и соработка со иселениците;
• развивање соработка со организации и институции од регионот во различни
области и на различни нивоа;
• потикнување и афирмација на мисловниот и политичкиот плурализам.