д-р Живко Јанкулоски
Образование
Дипломирал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје.
Специјализирал во Франција и САД.
Магистрирал и докторирал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
д-р Живко Јанкулоски
Претседател на ПОДЕМ
Професионална активност
1980 – 1996: Вршител на повеќе раководни позиции во ЗИК “Пелагонија” – Битола
1989 – 1996: Директор на РЕ “Радобор” – ЗИК “Пелагонија” – Битола
1991 – 1996: Професор на Вишата земјоделска школа при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола
Од 1996: Професор на Факултетот за биотехнички науки и Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола. Автор и коавтор на над 80 научни и стручни трудови од својата област, публикувани во домашни и странски публикации и на меѓународни конгреси и собири, вклучително и Европскиот конгрес за земјоделство во Стразбур, Франција (1995), Светскиот самит за храна на ФАО во Рим, Италија (1996) и Пан-Европскиот семинар во Букурешт, Романија (1996). Автор на неколку Универзитетски учебни помагала и Универзитетски учебник
Досегашни функции
Од 1994 – 1998: Член на наставно научниoт совет на Техничкиот факултет во Битола, како и член на Советот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (во два мандати)
Од 2001 – 2006: Продекан за финансии и наука на Факултетот за биотехнички науки (два мандати)
Од 2000 – 2003: Член на на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (два мандати)
Од 2003 – 2006: Претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (два мандати)
Од 2000 – 2006: Член на Интеруниверзитетската конференција (два мандати)
Од 2003 – 2006: Член на Советот на Институтот за сточарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (претставник на Владата на РМ)
Од 2004 – 2006: Член на Комисијата за спречување на девијантни појави при Универзитетот Св. Климент Охридски” – Битола
Од 2002 – 2004: Член на Одборот за акредитација на високото образование во Република Македонија
Од 2005 – 2006: Член, а истовремено и заменик претседател на Одборот за акредитација на високото образование во Република Македонија
2010: Раководител на II Циклус на студии на Факултетот за Биотехнички Науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола
Политичка активности и функции
1994: Почеток на политичката активност
1994 – 1998: Пратеник во Собранието на Република Македонија
1994 – 1998: Член во Комисија за избори и именувања во Собранието на Република Македонија
1994 – 1998: Член и заменик претседател на Комисија за земјоделство, водостопанство и шумарство во Собранието на Република Македонија
1997 -1998: Вршител на функција Претседател на Комисија за земјоделство, водостопанство и шумарство во Собранието на Република Македонија
1994 – 1998: Член на Комисија за меѓународна соработка со Кина, Русија и Хрватска
1996 – 1998: Член на Комисија за земјоделство во Европскиот Парламент во Стразбург
2006: Пратеник во Собранието на Република Македонија
2006 – 2008: Заменик претседател на Владата на Република Македонија
12.07.2008: Основач и претседател на Партија на обединети демократи на Македонија.