Ажурирање на членството и мобилизација на идејни проекти за претстојната Обнова на Македонија
По одлуката на Извршниот одбор на ПОДЕМ, општинските организации почнаа со процес на ажурирање на членството на ПОДЕМ. Истовремено работните комисии на ПОДЕМ, со активно учество на членовите на ПОДЕМ учествуваат и во изработката на изборната програма за претстојните парламентарни избори.
За таа цел во ОО ПОДЕМ Битола, свое обраќање до членовите на ПОДЕМ, а и до пошироката битолска јавност имаше и м-р Златко Лозановски – претседател на ОО ПОДЕМ Битола.
“Наша обврска е како партија да се спротиставиме на уназадувањето кое веќе три години се врши во сите полиња од нашето живеeње- почнувајќи од: упропастеното здравство, правниот колапс, уништеното земјоделие, напуштеното образование, како и стопанство со бројни проблеми.
Би сакал да ве информирам дека од денес па се до 15 Декември во општинската организација на ПОДЕМ во нејзините работни часови ќе се одвива процесот на ажурирање на членството. За таа цел ги повикувам сите членови да го ажурираат своето членство и своите податоци со што сите би помогнале во утврдувањето на досегашните позиции и собирање на нови сили во престојната ОБНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА.
Воедно апелирам и повикувам сите граѓани кои се незадоволни од политиките на актуелната власт – на локално и централно ниво а ги подржуваат ставовите и политиките на ПОДЕМ да ни се приклучат во нашата борба и дадат придонес со своите идеи во повторното изградување на темелните вредности во Македонија. ” – истакна Лозановски.