Соопштенија

Соопштение за јавност

Партијата на обединети демократи на Македонија - ПОДЕМ со голема загриженост ги следи денешните случувања во Куманово и апелира до сите граѓани на Република Македонија без разлика на својата етничка, верска и партиска припадност да биде осуден овој настан и комплетно со поддршка од сите да се надмине оваа ситуација. ПОДЕМ сака да истакне дека ја дава целосната поддршка на безбедностите сили во справувањето и расчистувањето на целиот случај со цел зачувување на уставниот поредок на државата. ПОДЕМ целосно го осудува овој инцидент предизвикан од страна на терористичка група која има единствена цел нарушување на меѓуетничките односи и дестабилизација на државата. ПОДЕМ ги повикува граѓаните да ја покажат својата решителност и обединетост за стабилна и просперитетна Македонија, што досега во многу наврати го докажаа се со една цел да се спречи секое дополнително проширување на тешката ситуација. ПОДЕМ ги повикува сите опозициони партии да покажат државнички однос во овој момент и да прекинат со организирање на секаков вид на протести со што би се спречиле дополнителни несакани инциденти.

Close