Прес конференции

ПОДЕМ: СДСМ е единствената опозициона политичка партија во светот која бега од избори

ПОДЕМ: СДСМ е единствената опозициона политичка партија во светот која бега од избори

ПОДЕМ најпрво жали што не се испочитува потпишаниот договор од Пржино, но најтрагично е тоа што и претставниците на меѓународната заедница не останаа доследни на дадениот збор, но уште потрагично и на својот потпис на договорот, вели претседателот на партијата Живко Јанкулоски.

Ова што во моментов го доживуваат граѓаните на Република Македонија е најлошата епизода на демократијата, независноста и сувереноста на сопствената држава. На сите треба да им биде целосно јасно дека времето на колонизација на државите заврши многу одамна и редно е да се стави крај на обидите Република Македонија да се претвори во протекторат.

ПОДЕМ ја поздравува едниствената светла точка која се случи а тоа е дефинирањето на датумот 5 јуни како ден за одржување на избори со што ќе се стави крај на оваа тортура од опозицијата врз целокупниот македонски народ.

ПОДЕМ целосно го осудува несериозниот однос на претседателот на Државната изборна комисија и го повикува да си ја изврши својата работна обврска, да си ги

испочитува сите зададени рокови за што е платен од сите граѓани на Република Македонија.

СДСМ е единствената опозициона политичка партија во светот која бега од избори односно сликовито сака да се одигра фудбалскиот натпревар ама играчите се кријат во соблекуваната и не излегуваат на терен да се одигра натпреварот.

ПОДЕМ ги повикува сите вклучени фактори на државнички однос и ставање крај на оваа криза со што Република Македонија ќе продолжи да чекори по патот на просперитетот, новите капитални инвестиции, новите странски инвестиции односно севкупното подобрување на животниот стандард.

Ова е почетокот на крајот на едно историско предавство од страна на една политичка партија за што најпрво граѓаните на 5 јуни ќе и ја врачат пресудата додека следните генерации ќе можат многу подобро да го изучуваат како пример како не треба да се однесуваат спрема својата татковина.

ПОДЕМ инсистира на ставање крај на оваа политичка ситуација, ослободување на граѓаните од политичката неизвесност и нека 5 јуни биде празник на демократијата на кој граѓаните ќе донесат пресуда за минатото и одлука за својата иднина.

Close