Соопштенија

ПОДЕМ најостро ги осудува постапките на обвинетите во „Пуч“

ПОДЕМ најостро ги осудува постапките на обвинетите во „Пуч“

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ најостро ги осудува и искажува огромно незадоволство од постапките на сите обвинети во акцијата „Пуч“.

-ПОДЕМ сака да истакне дека е крајно неприфатливо и недолично да се користат уцени и закани кон државниот врв за да се реализираат лични интереси. Сакаме да истакнеме дека секоја соработка со странски тајни служби е недопустлива а најмалку преку соработката со нив да се прави обид за насилно уривање на уставниот поредок на државата организиран од страна на лидерот на опозицијата, се вели во соопштението.

ПОДЕМ инсистира, како што наведено во соопштението, на сериозен пристап, одговорно и разумно однесување на сите политички партии и целокупната постапка да се препушти на надлежните државни институции со цел да се спроведе темелна истрага во интерес на вистината и на сите граѓани на Република Македонија.

Close