skip to Main Content

Почитувани сограѓани, член...

Почитувани сограѓани, членови и пријатели на ПОДЕМ, голема благодараност за искрената поддршка и несебична ангажираност за време на предизборните активности за локалните избори.
Во изминатиот период активистите и кандидатите на ПОДЕМ остварија бројни средби со граѓани, многу состаноци и разни дискусии.

Заедничкиот труд се валоризира со учество на претставници на ПОДЕМ во советите на дел од општините, кои во наредниот период ќе продолжат да ги бранат интересите на граѓаните, да потсетуваат на проектите кои беа ветени во минатиот период и да предлагаат решенија за подобро утре! Продолжуваме!

ПОДЕМ: Граѓаните на Републи...

Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ, им се заблагодарува на граѓаните на Р. Македонија што не се согласија за  промена на уставното име на Република Македонија, со неприфаќање на штетниот договор од Нивици.

Со тоа граѓаните на Република Македонија се изјаснија дека не сакаат промена на уставното име на Р. Македонија, не сакаат договор, каде се менува уставното име, идентитетот и историјата.

ПОДЕМ уште еднаш истакнува дека местото на Република Македонија и е во Европската Унија и НАТО, но членка со национално достоинство, неуценета и почитувана.

Со оглед дека неуспешниот референдум е веќе минато, не смее да се прават никакви манипулации со уценување на пратеници и уставни промени во парламентот, наспроти волјата на граѓаните, туку владата под итно да си поднесе неотповиклива оставка, да се формира техничка влада (по пржинскиот модел) и во предвидениот рок, согласно законот за Влада, да се распишат превремени парламентарни избори.

Референдумот не смее да биде изговор за политичкиот и економскиот неуспех кој и се случува на Република Македонија во секоја сфера на живеење. Единствен договор кој мора да ги обедини сите политички партии е правецот во кој ќе се одвиваат реформите во судството, борбата против корупцијата, подобрувањето на состојбите во образованието и здравството, зголемувањето на животниот стандард на населението.

Центар за комуникации

ПОДЕМ

Јанкуловски: Со договорот о...

Во интервју за „Курир“ претседателот на ПОДЕМ, Живко Јанкуловски вели дека договорот со Грција е навистина историски бидејќи со него Македонија и нејзиниот народ заминуваат во историјата. Тој во интервјуто вели и дека оваа власт која е моментално во државата нема демократски капацитет.

КУРИР: Договорот од Нивици предвидува бришење и ревидирање на научни книги, учебници и помагала во сите оние делови кои грчките научници од ткн. „заедничка комисија“ ќе увидат некаква историска нелогичност, навреда или иредентизам со можност за ревизија. Колку е ова нормално, како ја оценувате оваа политичка одлука за директно мешање во образовната и пред се, научната сфера во делот на историјата, литературата, географијата, картографијата… низата е предолга?

Овој договор од Нивици е навистина историски бидејќи Македонија и нејзиниот народ заминуваат во историјата. Да не се лажеме вистината е дека дома и во светот до сега се што значело и се што се заведувало и се што се подразбирало под именката Македонија ќе биде преименувано во Северна Македонија. На сите придавки што ги содржат зборовите Македонски и Македонско ќе им биде вештачки прилепувана додавката Северно Северни. Именката Македонија и придавките Македонски и Македонско ќе можат да се користат само во говорниот неофицијалниот (уличен) јазик, но ниту на еден државен документ, ниту во книга,ниту во научен труд, а најмалце во учебник.

Ќе бидат избришани имињата ќе се брише меморијата ќе ја избришат историјата. Жаргонски кажано кога во партија шах, жртвуваш кралица за пион нормално е дека ќе ја загубиш партијата. СДСМ ги убедува мак граѓани дека со договорот не само што не се доведени во прашање туку се и зајакнати мак јазик и идентите иако како такви зајакнати и зачувани не се набројуваат нигде во самите одредби од договорот е показател дека тие до прва ќе се отвораат и не затоа не се случајни изјавите на дел од домашните и странските набљудувачи дека решавањето на прашањето на името е првиот и најлесен чекор.

Мене не ме чуди што Грција тоа го побарала. Тие од секогаш сакале само да го избришат македонскиот бит. И знаат дека еден народ ќе ги збришеш само ако му ја одземеш историјата, културата, идентитетот… ако му го омаловажиш образованието и интелектуалниот капацитет. Но како што реков, тоа од Грците не ме чуди. Нивните карти од секогаш биле отворени на маса, можеби и заради тоа што не можеле да ги прикријат нивните вистински намери. Но ме чуди како актуелната власт која до вчера се колнеше дека нема да прифати промена на Уставот и на уставното име на Република Македонија, преку ноќ прифати се. Мислам дека дури и Грција се изненади на толку многу отстапки направени од страна на актуелната македонска власт. Тие не можеа да добијат подобар партнер за остварување на своите нечесни игри. И сега кога го најдоа притискаат уште повеќе. Бараат и што може и што не може, оти видоа дека со оваа власт се може. Како да тестираат до каде можат да одат со своето мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

Но се знае каде е проблемот. Не е проблемот кај нив. Проблемот е кај нас дома, во Македонија, бидејќи притисок за промена на името имаше и порано, но без успех. Но порано притисокот доаѓаше само од надвор. Колку и да беше силен тој притисок досега не успеаjа да не скршат бидејќи претходната власт имаше цврст став дека нема промена на Уставното име. Очигледно е дека столбовите на една држава се расклатуваат тогаш кога некој од внатре ровaри и сака да ја демонтира државата. Сега имаме и надворешен и внатрешен притисок против волјата на македонскиот народ.

Сметам дека навистина со Преспанскиот договор е побарано премногу. Тој договор ги надминува границите на демократски билатерални односи помеѓу две земји. Грција претерано се вмешува во сите области на општественото живеење во Македонија и доколку тоа стане реалност мислам дека не ни се пишува добро.

Сепак, верувам во разумноста на македонскиот народ. Верувам дека секој граѓанин на Македонија знае како да реагира во однос на претстојниот референдум посебно кога секој ден доаѓаат безброј емисари да не убедуваат да излеземе на референдумот. Ако се толку загрижени за македонскиот народ нека му кажат како да преживее со 200 евра плата. Нам ни треба економски просперитет и правна држава. Не ни требаат празни зборови за розова иднина. Предолго ги слушаме тие зборови кои никако да станат реалност. Да потсетам дека и со Рамковниот договор се ветуваше европска иднина, но Европа еве не стигна кај нас до денес. Зошто да веруваме дека со Преспанскиот договор ќе биде поинаку. Мислам дека сите ние во Македонија сме премногу пати излажани за сега да наседнеме на една нова лага.

КУРИР: Во постојан контакт сте со граѓаните, битолчанец, универзитетски професор сте во Битола, а делувавте и во Скопје и во повеќе места. Каква е реакцијата на граѓаните за Договорот и сите зафати со еден збор опишани како „Виткање кичма“ на членовите од македонската влада?

Во секојдневната комуникација со граѓаните било како претседател на ПОДЕМ, било случајни или намерни средби, граѓаните се со јасен став за зачувување на уставното име и се противат на бришењето на историјата јазикот и се што е македонско.

Заев со севкупната меѓународна, медиумска и невладина подршка што ја има, не сакал да оди само со едно прашање кое ќе беше јасно и недвосмислено, а ќе се однесуваше само на договорот од Нивици. На македонските граѓани им е јасно дека доколку договорот беше добар за Р.Македонија и не го бришеше нашето име, јазик, идентитет, историја, традиција и култура.

Граѓаните се чувствуваат излажани бидејќи актуелната власт повторно изманипулира со нив, ветуваше задолжителен за на крај да биде консултативен референдум и тоа поради една причина, а тоа е одкако СДСМ увиде дека ја немаат подршката меѓу граѓаните. Манипулираат и со нејасното тросмислено прашање кое е спротивно на чл.15 од законот за референдум што создава дополнителна конфузија меѓу народот.

Со еден збор граѓаните се разочарани. И јас ги разбирам зошто. На последните парламентaрни избори гласаа за промена бидејќи се надеваа на промена на подобро. Им се ветуваше повисок стандард, плата од 500 евра и што уште не. Но како изминува времето граѓаните видоа дека сепак иако од платата од 500 евра ни трага ни глас, една промена ќе има. Промена на уставното име. Промена која сега со сите сили сакаат да ја реализираат истите оние луѓе кои до вчера се колнеа дека промена на Уставот и уставното име нема да има. Како да им веруваме? И на кого да му веруваме? Сега истите тие луѓе не викаат да излеземе на референдум. Не не викнаа кога ги делеа грантовите од Фондот за иновации, не е викнаа кога ги вработуваа фризерките, не не викаат кога делат тендери… ама на рефeрендум не викаат. Па дури и да сме гласале против. Значи цело време работат на раскрчмување на државните ресурси, а ваму не убедуваат дека ни мислат добро, па затоа не викаат на референдум. Ама не ќе да е баш таква вистината. Народот знае со кого си има работа. Јасно е дека се плашат дека нема да постигнат цензус, па затоа трубат на сите труби. На не знам кој начин убедиле дури и луѓе од опозицијата да излезат и да кажат дека ќе гласаат на референдумот. Ќе биле против договорот, а за во ЕУ и НАТО. На едно исто прашање на референдумот ќе дадат два различни одговори. Па што ќе заокружат?

КУРИР: Во името ви стои обединети демократи. Може да дадете оценка за демократскиот капацитет на власта во овие две години, со посебен акцент на референдумската кампања, злоупотребите, присилата, поткупот на гласачи, притисокот врз администрацијата, интелектуалците, политичките неистомисленици?

СДСМ за демократски капацитет само зборува но не и практикува.Од кога се на власт заборавивме што значи отчетност,транспарентност,почитување на прописите и законите.
Заев и СДСМ не се залагаат за европска иднина на Македонија иако секој втор збор им е Европа ако навистина се залагаа немаше да ја заробат државата и да ја укинат парламентарната демократија.Оваа власт е тотално неспособна и на политички план,со потпишувањето на капитуланските договори со Грција и Бугарија и на економски план со економскиот пораст од 0,1%. Во вакви услови Македонија не може да чекори напред како нормална и напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво. Што се однесува до притисоците во врска со референдумот тие постојат, еден пример е синдикатот во МНР каде синдикатот ги повикува вработените да излезат на марш во функција на референдумот. Потоа во неколку општини на вработените им беше наредено задолжително да присуствуваат на обука на тема „Успешно спроведен референдум“. Има притисоци кај лица кои се вработени на договор, па ги уценуваат да излезат на референдум, за да им ги продолжеле договорите или да добијат договор за трајно вработување. Има уште многу вакви притисоци, уцени, закани и поткуп.

За жал сметам дека оваа власт нема демократски капацитет. Ако имаше демократски капацитет немаше да ги квалификува како предавници тие што не сакаат да излезат на референдумот. Законот предвидува можност на референдум да се излезе и да се гласа за или против, или пак да не се излезе. Ако неизлегувањето на референдум не е противзаконски како некој може јавно да квалификува некого како предавник на државата затоа што не сака да излезе на референдум. Патем слушаме како фирмите требало да ги почастат работниците за тие да излезат на референдум. Зарем тоа не е притисок?

ОО ПОДЕМ Прилеп: Игнорирајт...

Почитувани сограѓани, драги членови и симпатизери на Партијата на Обединети Демократи на Македонија- ПОДЕМ.

Никој од надвор не може повеќе од нас да и сака добро на Македонија и на сите нас, бидејќи сите ние и досега сме живееле тука и во иднина ќе живееме тука!

Со оглед на штетниот и неуставен Договор со Грција, и крајно несериозното и збунувачко референдумско прашање, ги повикуваме граѓаните на Општина Прилеп да го ИГНОРИРААТ референдумското изјаснување и на 30ти Септември заедно да ги зашттиме интегритетот и идентитетот на Македонија и македонскиот народ!

-изјави Игор Котевски од ОО ПОДЕМ Прилеп

Јанкуловски: И Македонија и...

Според легендата, грчките војски ја опседнале Троја, но цели 10 години не можеле да ја заземат. Се додека Одисеј не е се сетил да изработат голем коњ во кој се сокриле најсилните војници и со помош на грчкиот шпион Синон ги убедиле Тројанците дека коњот е дар од боговите. Иако предупредени, Тројанците гигантскиот коњ го внеле зад градските ѕидини, по што цела вечер ја празнувале големата и долгогодишна победа над Грците. Но, вечерта кога сите спиеле, скриените војници ги отвориле портите на градот. По ова следувало целосно уништување на Троја.

Тројанскиот коњ и ден денес останува најспоменатата метафора за воено-политичка измама. Или, како што многумина велат, не им верувај на Грците и тогаш кога носат дарови.

Сега очигледно многумина се обидуваат Тројанскиот коњ да го внесат во Македонија, а што не чека потоа и што ќе излезе од неговата утроба кој знае.

Не залудно велат дека историјата се повторува. А, оној кој не учи од историјата е приморам да ги сноси последиците. Затоа да не остануваме глуви и слепи, бидејќи не е прв пат да не’ убедуваат дека еден договор е добар за Македонија и дека тој е единствениот пат кон ЕУ и НАТО.

Сите многу добро се сеќаваме, но изгледа некои подзаборавиле, дека така беше и со Рамковниот договор. Кој се не дојде да не’ убедува дека со Рамковниот договор Македонија си го отвора патот кон ЕУ и НАТО. Рамковниот договор се прифати, многу години поминаа, ама еве од НАТО и ЕУ уште ни трага, ни глас. Освен што емисарите на истите тие држави кои не’ убедуваа за Рамковниот договор сега доаѓаат да не’ убедуваат за Преспанскиот договор.

Никој не се запрашува ли како сега да им веруваме на Грците? Зарем немавме времена спогодба со Грција? Спогодба која Грција не ја испочитува. Што сега е различно па да веруваме дека Грција ќе го почитува овој договор.

Ништо не е различно. Тука доаѓаат и ветуваат европска иднина за Македонија, но сосема неевропски бараат тие да ни кажуваат како да ги смениме имињата на сите институции, кои споменици можеме да ги задржиме, а на кои треба да напишеме дека се грчки. Па и црвена вратоврска ни поклонија за да можат на огламник да не’ водат каде сакаат.

И се обидуваат упорно да го внесат Тројанскиот коњ. Го туркаат од сите страни, од надвор, ама и од внатре. Ајде тоа што успеаа да се договорат со актуелната власт и не е толку чудно. Ама тоа што слушаме дека многумина ќе излезеле да гласале за ЕУ и НАТО, но ќе биле против договорот, е тоа е веќе наликува дека успеале да притиснат на многу места.

Како е можно на едно исто прашање да се гласа и За и Против. Велат ќе гласаат за ЕУ и НАТО, но ќе гласале против договорот со Грција. Што ќе заокружат? Или се сами многу збунети или ја потценуваат интелегенцијата на Македонскиот народ.

Сакаат да го прелажат народот да излезе на референдум по секоја цена, па дури и да гласа против. Важно им е да постигнат цензус, бидејќи очигледно и тоа нема да го постигнат.

Ако договорот со Грција навистина е добар и ако навистина водеше кон економски просперитет и евроинтеграција тогаш зошто на било кој од нас би му требало убедување. Ние сите сакаме во ЕУ и НАТО, но како почитувана членка, како земја која ќе го зачува своето достоинство и национален идентитет.

Никој од надвор не може повеќе од нас да сака добро за Македонија и за сите нас, бидејќи сите ние и досега сме живееле тука и во иднина ќе живееме тука. Ни Меркел, ни Ципрас, ни Пенс нема да живеат овде. Ако мислат дека такви договори се добри нека ни дадат личен пример. Во нивните земји има многу отворени прашања кои не ги решаваат на ваков начин.

Дури ниту во изјавите на сите што дојдоа да не убедуваат да излеземе на референдум, ниту во кампањата за референдум, нема трошка искреност. Сите не лажат дека Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО. Но нема да влезе, зашто Македонија повеќе ќе ја нема.

Ако беа искрени ќе речеа: Сменете го името и Северна Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО.

Нека излезат јавно и нека кажат така, за сите да го почуствуваме реалниот горчлив вкус кој не чека по 30-ти септември ако овој Тројански коњ успее да влезе во Македонија.

Автор: Живко Јанкуловски, Претседател на ПОДЕМ

ПОДЕМ за претстојниот рефе...

 

До: Електронски и печатени медиуми

Предмет: Известување по повод претстојниот референдум

 

Почитувани,

Извршниот одбор на ПОДЕМ, на седницата одржана на 15.09.2018 година едногласно ја потврди одлуката од членовите на Централниот одбор, за ИГНОРИРАЊЕ на претстојниот референдум на 30-ти септември 2018 година.

Со оглед на штетниот и неуставен договор во Нивици, крајно несериозното и збунувачко референдумско прашање, како и политичката и економска неизвесност, во која актуелната Влада ја води земјата, ги повикуваме граѓаните на Република Македонија на 30 септември да го ИГНОРИРААТ референдумското изјаснување.

ПОДЕМ уште еднаш истакнува дека местото на Република Македонија и е во Европската Унија и НАТО, но членка со национално достоинство, неуценета и почитувана.

Референдумот не смее да биде изговор за политичкиот и економскиот неуспех кој и се случува на Република Македонија во секоја сфера на живеење. Единствен договор кој мора да ги обедини сите политички партии е правецот во кој ќе се одвиваат реформите во судството, борбата против корупцијата, подобрувањето на состојбите во образованието и здравството, зголемувањето на животниот стандард на населението.

Со почит,

Центар за комуникации

ПОДЕМ

contact@podem.org.mk

ПОДЕМ одбележа 10 години пос...

 

Во присуство на претседатели и секретари на општинските организации на ПОДЕМ, членови на Централниот и Надзорниот Одбор на ПОДЕМ, делегации од политички партии, ПОДЕМ одбележа 10 години постоење на политичката сцена во Република Македонија. Пред присутните се обрати Живко Јанкуловски – претседател на ПОДЕМ.