ПОДЕМ: Решението за името не смее да значи изневерување на македонскиот народ

ПОДЕМ: Решението за името не смее да значи изневерување на македонскиот народ

ПОДЕМ: Решението за името не смее да значи изневерување на македонскиот народ

Партијата на обединети демократи на Македонија - ПОДЕМ ја повикува македонската преговарачка страна во спорот со името, а пред се шефот на дипломатијата Никола Димитров, со транспарентни информации за јавноста во Македонија да спречат создавање на  конфузија околу тоа што точно се преговара и договара со Грција.

Продолжувањето на разговорите под покровителство на Обединетите Нации е редовен канал на преговори. Но, кога веќе се разговара во ОН, повикуваме да се земе во предвид и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој пресуди дека Грција еднаш веќе ја прекрши Привремената спогодба од 1995 година со тоа што стави вето на членството на Македонија во НАТО.

Оттука, ги повикуваме македонските преговарачи да одговорат пред македонската јавност со каков став настапуваат во преговорите во однос на грчките барања за сложено име за општа употреба, а за што секој ден грчките емисари ни повторуваат дека предуслов е промена на Уставот.

Има ли некакви договори околу уставот, националноста и јазикот и какви?

Отворено да кажат што и прифатиле на Грција, што таа отворено бара промена на Уставот, што само по себе води до промена на идентитетот.

Ако такво нешто е договорено подобро во Обединетите Нации воопшто и да не разговараат.

Што и е прифатено на Грција го повикуваме да каже и Премиерот Зоран Заев, кој од Турција порача дека тоа е решение што е единствено возможно за нашиот пат кон НАТО и ЕУ.

Ако тоа решение е на сметка на Македонија и Македонскиот народ, такво решение не ни е потребно.

Затоа ПОДЕМ им обрнува внимание на сите оние кои, на формален или неформален начин, се вклучуваат во преговорите со Грција, да бидат многу внимателни.

Не ветувајте решенија со кои што знаете дека македонскиот народ нема да се согласи.

Немојте да го изневерите и разочарате македонскиот народ со решение кое што ќе води кон менување на уставното име и идентитетот.

Тоа не смее да се направи.

Не му давајте крила на грчкиот екстремизам. Светот веќе знае кој е во право, а македонскиот народ тоа го знае најдобро.

 

Живко Јанкуловски

Претседател на ПОДЕМ

Close